Проект за меѓуетничка интеграција во образованието


ПРАШАЛНИК ЗА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Почитуван/а,

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието спроведува електронско истражување во сите основни и средни училишта во Република Македонија. Целта на истражувањето е да обезбеди што е можно поцелосен и поверодостоен увид во актуелната состојба на меѓуетничката интеграција во образованието и да послужи за планирање на проектните активности.

Електронскиот прашалник содржи прашања за етничкиот состав на училиштата и наставните јазици, за претходното искуство/обуки во врска со меѓуетничката интеграција во образованието, како и за општата перцепција на меѓуетничката интеграција во образовниот систем во училиштата и во локалната заедница.

Прашалникот се очекува да го пополни директорот/ката со помош на стручната служба. Прашалниците се достапни на четирите наставни јазици во државата (македонски, албански, турски и српски) и може да се избере јазикот на којшто ќе се пополнува. Пополнувањето на прашалникот се врши директно на веб страната на ПМИО во периодот од 15 до 31 август, 2012 година и за одговор на прашањата ќе ви бидат потребни околу 30 минути. Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени на нашата веб-страна (www.pmio.mk).

Ве молиме да одговорите на сите прашања со што ќе придонесете кон планирање активности што најдобро ќе соодветствуваат на потребите на училиштата во насока на подобрување на меѓуетничката интеграција.

Доколку имате потреба од дополнителни информации можете да се обратите до одговорното лице за образование во Вашата општина, до одговорното лице во Бирото за развој на образованието, како и до одговорните лица за поддршка во ПМИО:

Игор Јуруков, советник во Бирото за развој на образованието
igorjurukov@bro.gov.mk 02/3089-026

Снежана Јанкуловска, координатор за обуки за меѓуетничка интеграција во образованието
sjankulovska@mcgo.org.mk 02/3067-981 – локал 115

Бесник Рамадани, асистент за обуки за меѓуетничка интеграција во образованието
bramadani@mcgo.org.mk 02/3067-981 – локал 108

Филипина Негриевска, програмски експерт
filipina@chrcr.org.mk 02/3065-953, 071/341-101